Го пробав прееска , убав е , митиса баш на чоколадо , малку тешко се размачкува зашто баш е густ , зрната се крупни , овој пилинг ми кажаа 2пати неделно да го користам највеќе зашто содржи пипер кој загрева и по бањањето осеќаш некоја топлина , загревање. Морам да кажам дека е идеален за зимно време инаку органски е баш ја распрашував и биодевојка Едит- Natura siberica руска фирма , сега засега ги нема во Мк , ама гледам во Србија ги има така да се надевам и во Мк да ги донесат. А и доста се економични
@JuLleE За пудрата пиши импресии во темата за пудри, баш ме интересира каква е, никогаш ништо немам користено од artdeco и баш ме интересира што квалитет се.
@littleflower И јас го имам црниот кармин од ГР, право да ти кажам се прерадував кога го купив, а после тоа скроз се разочарав. Буквално не издржува воопшто на уста, мислам дека да отвориш уста еден збор да кажеш, одма ти се брише, особено понатаму во внатрешноста на устата. Пробав со коректор прво, пудра, нанесени повеќе слоеви.. џабе е све. Ако случајно му најдеш решение на се' ова, одма кажувај. А виолетовиот го меркам уште одамна, и тој сакам да си го земам, ама неќам да се зезнам ко со црниов. @koritsaki Лелеее, каков е скрабов преубав, кутиичево му е исто како за сладолед, ко на Ben&Jerry што е. А и како изгледа, јас ова би го изела, не би го ставала на мене.
Кремава по препорака од аптека за сува кожа предизвикана од ладно време. Уште при прво нанесување имаше ефект.
@blueeparadise хахах баш како сладолед е ако не прочиташ дека е пилинг ќе помислиш нешто за јадење дека е А ќерка ми ме праша пудинг да не е вакви работи подалеку од децава