@Rabbit Сега за сега се селам кај тебе Шала на страна, Реби, може да ми кажеш какви се другите тестенини, освен оние со вкус на болоњезе? Секогаш демек ќе земам други да пробам и никако, се оставам за нареден пат
Мене ми се убави сите подеднакво. Земи пробај ги и ако ти се свиѓаат ќе си купиш пак Иначе дојди слободно ќе ги делиме
Сите се вкусни, ама тие со 4 вида сирење мораш да ги купиш. Совет плус: Стави им 2-3 зденки откако ќе ги свариш...значи, перверзија се. *митечатлиги*
Јас не ставам путер во никои, @Summerlover. Ама конкретно карбонара и 4 вида сирење ми се повкусни со неколку растопени зденки.
Омиленото студентско јадење. @Summerlover , Сунчице зденките се уште еден додаток покрај путерот, за да би било убер калорично јелото. А може и без путер ко што вика Мишела.
Лелее, овие се за буржоазија студенти. Студент се знае, си купува пола кило макарони за 45 денари - економија мора да се води. П.С. Јас јадам по две пакувања од овие, жив зијан.
Мишелке мори па обична макаронА цело паковање со цело тркало зденки. Јадеш, уши ти пукаат. Е, на обична тестенина путер обавезно, малку да го дозбогати обичното .
@Mishela Сега ќе речев Мишелке, какво студентско јадење, какви бакрачи Се знае студентскиот рецепт Штедиш, штедиш, а за овие, две чинии еден не може да се најаде, а ти отишле 100 и нешто денари Енивеј, тенкју на сите чикас, сега ем сум убедена, ем жестоко настрвена
Леле, луѓе јас само што се фатив да ја искоментирам втората слика на @Rabbit како ме настрви, очите олкаи ми се направија . Инаку макарониве пред некоја година ми беа на дневно мени на одмор, мислам дека секој ден, три пати на ден, и на крајот од 10те дена ми се згади од нив. Наполитана мислам ми беа најубави од сите, а тие со печурките не ми беа баш нај нај, иако обожавам печурки. Ама во меѓувреме, најдов поефтина алтернатива од макарониве, се продаваат во КАМ маркет, тогаш беа 50 и нешто денари, додека овие 90 гледам дека ги направиле. Германско производство се мислам, само не ми текнува како се викаа. Тие со печурки ми беа највкусни. Е сега, фактот што јадеме прашаци е друга работа, ама шта чу кога се преубави.
ПИЖАМИТЕЕЕЕ Те молам кажи ми од каде и цена, ми изгледаат дека се од квалитетен памук, а и тоа што се македонско производство ме бендисува исто Имаше други дизајни?