На кутијата пишува само ANESIA, ништо повеќе :/ Еве ни google не сака да ми помогне со истражувањето, само еден бренд најдов Anesia Paris, што не верувам дека се )))
Ти благодарам. Online ги порачав и двете.Првата директно од Guess страната, а втората со цветови на Амазон,од Nine West. Таму често имаат многу добри понуди.Ташната беше 79$ ,но јас ја начекав за само 20$.Ако си за порачување онлајн,разгледај на Амазон,имаат многу убави модели. Ташните на Најн Вест и Алдо им се со доста пристапни цени ,а моделите се навистина преубави. А и на Амазон имаш ташни на Гес,исто така,но не толку голем избор. Јас моментално живеам во Америка и тука ми стигаат за 2 до 3 дена најкасно.Поштарина не плаќам,само данок кој е околу долар ипол обично.А со Македонија не знам како е,не сум запознаена.