@Zaljubena26 Ги има во Тинекс (164 денари) и во други маркети ги завидов. Околу 160-165 денари се. Има три вида: ванила, јагода и боровница. На рецензиите што ги читав велат дека мирисаат преубаво, ама хидратацијата им била послаба страна.
Еве, бидејќи ми беше на листата, уште утрово на пазарење го купив. На прв впечаток, многу е слатко пакувањето, баш е малечко в раце, убаво е затворено (треба повеќе пати да се заврти за да се отвори-затвори), што е супер бидејќи нема да протече од страните при топло време. Содржи масло од семки од кајсија и карите (не ми текнува превод), мириса баш на ванила, како пудинг , меко е во составот (осеќам брзо ќе го потрошам заради тоа), многу ми се допаѓа што дава сјај на усните (нешто измеѓу лабело и сјај). За хидратацијата - читав рецензии дека е послаба, мојот впечаток е следен: досега користев органско лабело (а, тоа не заштитува баш нај нај), и ова кога го ставив одма се осети позитивна разлика. Има убав, богат состав. Но, не држи долго. После извесно време се губи. Според тоа можеби не е најпогодно за оние кои имаат екстра суви усни. А, иначе го препорачувам на сите, има сладникав мирис и вкус, нема парабени и минерални масла, пакувањето му е екстра, дава убав сјај и нега.