@joy1 Впечатоци за парфемов? И јас го нарачав а врска немам како мириса Што би се рекло на ќоро го нарачав. Инаку треба на фемина да поделат по некоја награда, форумов им ја зголеми продажбата на некои производи и прометот на некои продавници.
Алал да ви е за споделениот прилепски бутик, ептен сте другарки Одма си нарачав кошула и сукња, па кога ќе стигнат ќе се пофалам
@joy1, јас сепак велам да почекаме да запролети, да се покажеме со нашите сукњи-униформи. Ма уште од сега се чувствувам како пеперутка.
Кој сулна ја избра ? Мене лилавата ми фати око ама имам на друга боја ист дезен па си викам да не ми се исти. Се осеќам дискриминирано оти немам сукна сега. Ќе треба само на џемпер и кошула да дојдам
Црвени пантолони на раб од Waikiki, тегетна кошула, плава кошула и црвен капут од Koton, чоколади од Европа, омекнувач и козметика од dm + некои други дрангулии, ама најмногу и се израдував на пудрава! Ја најдов! Конечно! Минатиот пат се измачив за да си ја најдам мојата нијанса, тек па сега на попуст во Зегин и тоа ново пакување со пумпица... оди па најди. Последна беше