Вчера ми тргна со брзање и наместо кокосовото масло од bio cosmos ( кое си го користев ) го земав ова по грешка , ама па дополнително се израдував што е органски производ . Јас го користам за вадење на шминка, за зацврстување на трепки , како крем за лице ( пред спиење ) и за тело. Spoiler Сликиве се од бесплатниот примерок што го даваат во Зегин. Кокосовово масло со млака вода исто ми помага при миење на четки , посебно оние од течна пудра многу полесно се чистат од вообичаено. @Rose96 важи , ќе ти пишам деновиве.
@anastasijaki и јас ги меркав хеланкиве. Може да ми кажеш дали ги проба и дали материјалот е пријатен за носење? Фала однапред
Мене сега ми стигна кошулката од Ивери. Ми се допадна материјалот и моделот,ракавите се 3/4 и имаат копче на ракавите,можат да се подвиткаат. Во врска со сукњите во Ивери истите ги имате во Персин за 400 денари.