@Acka22 од Калиопе 1499 ден. во Сити Мол ја немаше оваа боја, јас ја купив од Сити Галери, уште една М бројче остана. Ја има и на тегет, црвено, црно, бело
^^ да дадам само инфо Кошулките кои ги купувате од Ивери ги има истите во Фјори/Рамстор по цена од 590ден.
Ги видов кошулите во Шутка како тие од Ивери бутик 300 денари има разни дезени цветови и бои на кошули
Во еден маркет тука во Северна Каролина.12$ се.Не знам дали ги има во Македонија или сеуште не.Овде не се нови, само некои нијанси.Инаку преубави се.Мене ми се најубави од сите мат до сега што сум ги користела.Не морам да ставам по неколку слоја со еден слој се добива нијансата и не ја сушат устата воопшто.
Кога те гледам што купуваш, ме фаќа таква носталгија... абе чудо! Ми иде да си пукнам! Кажи ако сакаш предлози што да купуваш, од јадење до шминки и облека. Јас таму бев како дете во продавница за играчки. Да не одам офтопик - лак за избелување нокти на Евелин (и е одличен!) и миризлива свеќа.