Све и свашта Панталони, кожна јакна, уште една пролетна јакна, кондури, кошула, марама, фустан, алки, шноли и ластичиња. И кока кола, па да видам што ќе се случи откако ќе ја испијам. Пролетен шоп шопинг, шоп шопинг.
Ако се само црни без шљокици, машнички, циркони , светки , те молам кажи каде ги најде. Мене од потрага по продавнициве нозете ми отекоа, па и кога ќе најдам ќе нема број
абе јас се отепав од барање и бев дојдена во скопје инаку не сум од таму ги најдов и тоа многу евтини во лептокарија појма немам како се вика продавницата али тука има исто т-мобиле мислам има и на вип продавница а само оваа е тука за чевли па се надевам ќе ја најдеш. инаку чевлите се скрос обични нема ништо на нив.
Ми ги сруши надежите. Знам за која продавница зборуваш, ама имам проблем со моделите од таму т.е. 38- ми се мали а 39 - големи. И што ми е уште покриво секогаш налетувам на моделчиња што ми се свиѓаат.
види и позади оваа продавница карши сара фешн исто видов многу убави салонки кафеави беа сигурно имаше и други бои.иначе имаше и во гтц ама сите беа над 3,000.
Конечно, цел месец штедев за нив и си ги купив. Се работи за две прекрасни цвеќиња, едното е Кала, а другото се вика Две јатрви. Обожувам цвеќиња и мило ми е што мојата колекција се зголеми за +2.
Може еден гриз од киндерот? Ќе цркнам за благо, а залихата од прееска ја изедов. Биди хумана! Јас инаку си купив млекце за тело Garnier repairing lotion со шеа путер, едвај чекам да го ставам на мене. Мириса на рај.
Купив Велигденски украси, ќе почекаме да дојде Велигден па ќе ги прикажеме нели???, И да, си купив пластични кутии со фиоки и си ги наредив шминките и накитот во нив...Фала Ви девојки за идејата што ја споделивте со нас во темите -Омилен накит и Вашето козметичко катче (така некако гласеа темите, претпоставувам знаете за што станува збор )...
Еден куп пролетна гардероба Фатив попуст во Италија и едвај се донесов.Ташна,кошула,болеро,2 пара патики,тенко џемперче,кожна јакничка,парфем,алки,марами,поклони за најблиските...
Каква е таа фармерска сукња? Тексас мислиш? Јас посл. цигари си купив, да си кажам за да не биде тоталка оф топик коментарот.