Се надевам дека не е проблем што ќе се вмешам, ги имам и двете спрејчиња (You Are Gold со златни светки и овој плавиот што си го постирала). Спрејчиња ко спрејчиња, не се нешто долготрајни, но јас ги обожавам, особено во лето. You Are Gold го купив веднаш кога излезе, пред околу две години, но некое време не го користев и сите светки се собраа на дното, а течноста стана безбојна, како водичка Можеш да го промешаш за светките да се вратат во течноста, но треба убаво да се помачиш Другиот го купив пред некој ден и засега сум задоволна, фино мириса, а и има како маслен финиш, баш убаво го чувствуваш на кожата. Ако светките не ти се битни, јас ти го препорачувам вториот. Он топик, најпрекрасните нормални тесни фармерки, со среден струк, без шари, налепници или искинати делови. Најдобриот дел - не се рашируваат по само две-три носења, остануваат прилепени, а истовремено се и удобни. Ќе ставев мои слики, но вака подобро ќе ги доловам. Од Манго.
Со здравје да си ги носиш. Од кое манго ги купи? Колку пари? Има ли други нијанси, јас би купила посветли, имам ептен слични од зара. Сакам и јас фармерки кои не се шират после неколку носења.
Фала ти Ги купив од тоа во ГТЦ, беа 2990 денари. Манго во Сити Мол ич не го љубам, некако ми е хаосно и ме потсетува на тезга Ова во ГТЦ ми е ниво погоре, многу е поснабдено и поорганизирано. Има и посветли, еве ги. Мене најголем проблем ми е ширењето, имам фармерки од Зара, Бершка, Пул&Бер, Њу Јоркер, Левис и ниедни не ми се погодиле како тие од Манго. За мене се закон за џинс!
Јас ја имам истата палета и ја користам долго време сигурно повеќе од година дена, задоволна сум од пигментацијата, боите и долготрајноста. Ја препорачувам
Од каде балетанкиве? Кога ти го гледам изборот на бои и модели ко себе да се гледам. Само за accessories не сме погодени
супер штом е добра така и очекував сеуште ја немам испробано и јас @Rose96 еве поиспробана и долго користена да си знаеме .. кај мене се чека добар моменат за детално да а испробам али онака шо се нашарав дома баш добро изгледаше се гледа квалитет ипак доста добри критики држи општо целата линија на Гош..