Во ДМ беше на попуст 460 ден, а редовна цена е околу 550. Прв пат ја купувам, во сабота ќе се фарбам, па ќе ти пишам. Има доста додатоци за заштита на косата, квалитетни ракавици...
@Dust лосионот го има во лидл? И кажи ми ги бива ли овие на Cien за сунчање? Пастата за заби е гола вода во споредба со иста Crest паста купена од друга земја каде што ги има пастиве.
Гола вода е ама подобра ми е од колгејт што ја користев, а цел несесер заборавив да си го земам од дома пред тргнување Маслото е убаво, проверено. Ова детсково не, дефинитивно. Лосионот го има во некои лидл, мислам 2 евра беше. @bella.s ББ кремата барем првиот впечаток ми е позитивен. Јас немам мн за покривање ама имам мутава кожа, но за тие пари солидна е (пак ќе кажам, за моја кожа)
Јас ја користев кремата лани, ете и уште имам, нијансата ми одговараше за исончано. За мрсна кожа не е , освен да се фиксира со камена пудра. За сува/нормална би одговарала.Ама сепак за цената е сосема ок. Доволно покривна.
Карминот која бројка и марка е? И дали го купи и во Македонија и каде може да го најдам? Те нападнав со прашања, сори.
Сјајот е 2 евра од лидл (конкретно овпј од Грција, а ги има и во секој друг лидл), Cien број 46. Баш е нежен.
Фарбите се одлични. Бојата мене ми искача секогаш како на сликата т.е. во каталогот. И стои повеќе, до следно фарбање-подникнување. Не паѓа после едно две миења.
Чекам импресии, го меркам. Во фаза сум на убедување на татко ми да го земам, ми треба нешто поубедлив податок за телефонов. П.С. Со здравје да си го служиш.
Зависи каков конкретно сакаш. Ако планираш 7ца со 128 гига меморија, тогаш иста цена се со 6s, а јас лично би избрала 6s. Разлика е што 6s има пред 5MP, a 7цата има 7MP. Двајца другари имаат 6s, се немаат пожалено. Ама ако планираш да земаш 7ца од 256 гига, поарно земи си 7плус со 128 гига, има две камери и сликите се како со професионален апарат. П.С. Цените ги гледав од Ледиком.