Јас го имам овој од Кетрин Арли и дефинитивно не би го купила повторно, не сум баш задоволна. За тој од Голден Роуз имам читано позитивни коментари, така што мислам дека повеќе би се исплатило доколку купиш таков.
Гледам повеќето купувате долна облека од Сара фешн. Не знам дали е до мене , ама сите нивни гаќи после 2-3 перења ми се кинат на ластикот и тоа на исто место. Ми се случи со неколку пара. А упорно ги купувам оти ми се допаѓа материјалот и дезените. Не знам дали е до мене или се направени да се перат најмногу на 60степени.
^ еве и јас не сум задоволна од вешот, многу брзо избелуваат, ластиците веднаш се кинат, џабе фрлени пари
Јас си купив танга од Сара фешн и ми се скина после еден ден носење Џабе фрлени 120 денари и јас не сум задоволна.
Маичката од Сара фешн многу ми се рашири. А убав материјал таков мек, душа. Ама џабе... А хеланките што ги земав исто време, предобри.
Супер е , многу сум задоволна мека ја остава косата и сјајна плус се воодушевив од мирисот на банана ќе пишам обавезно повеќе и во темата Омилени производи на месецот