Си го користела и претходно шампонов?? Јас да и ужасно ја плеска косата, ако ти е виткана пошто намената е за дефинирање на локни ќе ти излезе катастрофа по првото миење. Ако ја немаш купи ја кремата за локни и по миење стави на косата, но не и на коренот и не многу, откако ќе се исуши стави од спрејот на сликата што е, инаку само тој нема да придонесе за никаков посебен ефект. Барем кај мене е вака
Silver Ash Blonde Ѕ9 e фарбата. Тргнав по 111, ама ми продавачката ми ја препорача оваа како понова. Јас сум во фаза на осветлување па уште не ми е баш како на сликата. Уште неколку нијанси ме делат од таква. Ама фино ми осветли. Шампонот прв пат го користам и само еднаш до сега. Разлика не приметив, веројатно потребно е неколку пати да се користи.. од еднашка не ми ја исуши косата.
Драга Аромантик оскпорачува низ цел свет (вклучуваки ја и Македонија!!!!!!) Јухуууууу. Еве ви линк. https://www.aromantic.co.uk/ Јас од овде имам нарачано еко презерватив (конзерванс), Оливем 1000 кој е емулгатор, уште еден емулгатор и масла. Не знаев дека испорачуваат кај нас па преку другарки во Лондон ги нарачував. Инаку мој совет ви е да не нарачувате етерични масла оти дупло наплаќаат за испорака затоа што одредени етерични масла се сметаат за токсични состојки (има објаснување во делот за испорака). Имам еден предлог, ајде ако има заинтересирани да нарачуваат ќе направиме една тема туториал за правење на домашни производи. Ќе ви кажам кои основни состојки да ги нарачате и ќе се забавуваме правејќи маски, креми, балсами и.т.н. Ах што велите???? До понеделник ќе ме известат и од еден италијански сајт дали испорачуваат во Мк. Обично не испорачуваат затоа што испораката е скапа, ама еве британциве, немаат гајле!!! Поздравче и бацки до сите!!!!
Се подновив со патики после долго време, на попуст плус ги земав, преудобни се . *го продолжиле попустот до утре да знаете. *