Од пазар ги земав,да видам дали ќе се погодат. Инаку гледав и на Голден Роуз 440 денари 3 внатре. Се прецениле.
На попуст околу 2200 мислам беа. Имаше по еден пар сити мол мислам беа 37ца па ги земав последните 38 од рамстор. Многу се меки и удобни ама за жал ќе завршат кај мајка ми
оф топик, ама дали во некое Дм имате видено од новата крема за тело со цреша? И во кое точно, да не лутам
Подарок од зет ми. Инспирирана од новата жолта чанта, си купив жолто сако. Иде лето јас купувам работи со долги ракави. Ама ептен ми стана љубов жолтата боја. Сако од Зара ама купено во кумановска продавница, Кандис. Уште храброст да соберам и да ставам слика во МК.
Ја зезнав батеријата на телефонот и ја сменив пред неколку дена. Купив нова, 2000 ми земаа во FixIt Успат денес поминав до iStyle по ново оргинално кабелче зашто 6 искинав до сега ... ова уште сеа само што купено ќе го излепам со салотејпи пу пу
Па тоа и планирав, со време да го средам, ич да не го мислам понатаму Инаку редовната цена е таа на сликата, и отидов на каса и испадна дека само денес имаат попуст на accessories за apple, во кој што спаѓаше и кабелот. За 900 го купив и си спасив илјадарче (отварање на салонот после реновирање било денес изгледа). Идете денес ако ви треба кабел или слушалки.. незнам што друго е на попуст
@Trxmx Хаха извини од телефон сум не прочитав дека пишувало цена, моево кабле на конче се држи. Ти благодарам на инфо
Во ДМ во Кисела Вода ја видов јас кога бев последен пат . *Да искористам прилика, некоја од вас што купила сукња од Ивери од цветните, нека ми пише порака, благодарам однапред .
@Trxmx и моево кабелче на конче се држи ама мене ми рекоа дека вака посебно ретко оригинали биле и повеќе време им требало да наполнат. А сега за саат имам фул батерија. Го проба? Полни брзо?