Во Гтц јас ја знам како Џордан (така барем порано се викаше), на приземје во еден од пролазите само не ми текнува дали во тој кај Офис плус или во тој кај што е сега новиот Артурс.
650 денари намалени од 1300 само не знам како стојат со броеви бидејки има 50% попуст во продавницата. Имаше сиви, светло розеви и црни. Гтц, продавницата порано се викаше Џордан не знам дали е уште под тоа име, се наоѓа во еден од пролазите на приземје ако не се лажам во тој кај што е новиот Артурс. Кошулата ми ја купи другарка од локална продавница кај нејзе во Ѓорче, за цена не сум сигурна пошто ми пазаруваше и некои други работи па на крај само и дадов пари за се што треба, ама не беше нешто скапа.
Претпоставувам прашуваш за шампонот? Од Yves Rocher во ГТЦ. За 199 ден. Имаше и за други типови на коса. Цените варираа до 300 и нешто ден.
Не, тоа би му дошло како лак за коса во форма на прав за поголем волумен на косата топло препорачувам, трет пат си го купувам