јас имам слично,ама коминизон, како пижами го носам... А и вака со розевиов конец на ракавите не би го носела за шетање
Мене повеќе ми личи на нешто за по дома и за спиење имам слично со ластик така на половина ама се зависи каков стил имаш. Ако ти е мерак искочи си на маалско кафе со него ич да не ти е гајле другите како што ќе те гледаат Сакав да те прашам ова од десно е како маичка или може да пројде како фустанче (да не е прекратко) и од кај го купи
@Versace Btch 24 s е величината, а широчко е ама јас оти сум бремена не би го носела како фустан Мислам дека може да пројде и за плажа оти има шлицеви од страна. И го нарачав на другарка од Охрид ( ако ти врши работа ќе прашам од која продавница, 1200 ден) Она има ми се допадна па и јас да не сум покусо @simonka93 слепец сум откако ми кажа го видов тој конец
Панталони летни мастилно сина боја, маички памучни од оние во Њујоркер по 199 што се, преубави се и пријатни, сандали на дебела штикла за секој ден да ги влечкам на работа, пропратно сигурно земав уште некоја маичка, панстикот на Максфактор...премногу си допуштив покрај две свадби и карта за Стинг, и до крај на месец ќе јадам леб и сол.
И јас како за плажа си го замислив ептен ми се допадна, ајде ако не ти е тешко да ја прашаш од која продавница и ја имам другарка од Охрид па да и го нарачам
@eli25 За на кафе, за на плажа, за прошетка, на овие топли денови, е топ! Плус сега се на мода таквите ракави со спуштените раменици. Надополни ги со сандалки и you're good to go! Можеш со рамни, со рамни гладијаторки, некои интересни на штикла, од аксесоари, соодветно на местото, долги крупни обетки, шешир ако си за на плажа или пак едноставна марама на коса
Плажа нема да видам летово, ќе се тркалам со стомакот А на голо нема шанси да носам како фустан , па се мислам одоздола што да облечам зошто од стомакот се крати малку. Битно јас ја купив па сеа ќе му мислам