Искрено, видов некои траги на кожата, ама не кој знае што. Моја другарка го има, таа пак ми кажа дека на неа ништо не и оставало на кожата. А за мирисот, фантастичен. Но сепак, оригиналниот Амбер е незаменлив.
Каква боја ? И јас го купив и си се шприцам на секој саат, ич не ми трае Не сум приметила ова со бојата, да не се шетам шарена а јас не знам?
Гелов на фризер ми го ставаат обично и преубаво ми мириса, па затоа си викам ај да си го купам, иако знам дека ќе заборавам да го користам. Ова виолетовото ми е откритие на годината, како ќе ја наместам косата така стои, ма да ми е малце језиво после користење дека станува тврда косата, како со лак прскана. Само на допир се чувствува, на излед не. Сретствово за плакнење уста го видов ДМ на акција, и ко тиква што не може да искочи од дома а да не потроши пари си го земав да го пробам. Убав вкус, не е прелуто, ми се допаѓа. 90 денари моментално.