Ги земав од продавницата на Битпазар, имаше многу модели што се иста цена ама бројче за мене немаше.. Сѐ беа или 37 или 38
Од DM во ГТЦ го зедов на намаление, од околу 1000 на 750 ден. Последно беше. Патрон со восок (еден има во кутијава, потоа си докупуваш) се става во апаратчето, тоа преку кабелче се вклучува во струја и стои 20-30 мин. вклучено дур да се растопи восокот. Потоа стандард мачкаш на тебе (како рол-он стикче е патронот), ставаш ленти и корнеш еве што сè има во кутијата.
Моментот кога дома ќе приметиш дека си купила црна маска два пати. Расипокуќница на месецот. Сега наказание до први.
Јас пред неколку дена ја земав. Точно не ми текнува, а фискалната ја фрлив, но не беше повеќе од 150 ден.