Продолжен викенд и шампонот и маската по 100ден ги гледав тука на фемина,па да ги пробам (немаше иста маска како шампонот па ја земав оваа,но не ми се допаѓа мирисот )
Да внатре има тубиче со восок. Тоа што го гледаш ти го загрева восокот. И јас имам такво. Околу 600/700денари го купив кога излезе. Меѓутоа кога ќе се потроши восокот, тубата со восок е околу 500 што мислам дека не е исплатливо. Поарно ќе биде секогаш да го купуваш пак нов во кутија бидејќи тука ќе бидат и лентите и маслото после депилација.
И јас го имам истото, со тоа што купувам восок од Џамбо (или било која друга продавница) од 100 мл.кој што е мнооогу поевтин (100-150ден.) Го загревам и го ставам/преточувам во ова од 50 мл.на Veet. Многу е поисплатливо п.с.Си најдов восок во Џамбо, којшто ми депилира подобро од оригиналниот на Veet, бел е, од ванила, ако ви помогне
Супер заштеда наместо комарник ама дали функционира и како изгледа кога ќе се постави ќе видиме. Не сум баш оптимист
Изводливо е, ама треба да си многу внимателна, јас со нож го отворам капачето т.е.го туркам нагоре, остатокот е лесна работа. Јас го имам од Веро купено, ама го има и ДМ, Космо и речиси секогаш е на попуст.