Повеќето од оваа палета се мат, има неколку светкави ама она суптилно нежно светкави, не блештат. Уште не сум ги пробала, некои само на рака ги размачкав да ги видам и се прилично пигментирани. Кога ќе ги испробам на очи ќе ставам слика и ќе пишам како сум задоволна Зависи како ти одговара на тенот бојата, некако специфична е. И јас го зедов бројчево пошто на рака кога го пробав ми делуваше по накај кафено. На усни ми е со некаков виолетов подтон, ама пак не изгледа лошо.
Знам Марамке ја само темни кармини ставам, многу ретко некој светол евентуално нјуд боја преку ден. Овој ми е некако измеѓу сива и виолетова ко да ме тепал некој по уста модра ми е. Јас немам некој многу светол тен а усните ми се темни,ама како што кажав погоре на мене изгледа ко модра да ми е устата. Мило ми е што ти се допаѓа, за мене среќа што излегоа маливе пакувања па вака човек може да си проба да види наместо одма да се пукне пари за големо пакување пошто осеќам ќе остане неискористен.
Ма купувај ич не сум за кинезарии поготово ако треба на лице да се става или да допура до тело. Мислам имаше и поевтини ама не сум сигурна. Појди искористи попуст
Да за рамката од врата се лепи како на сликата, во пакет имаш лепенки и шајки. Многу е практично и штити.
@IronLady Сите те изнапрашаа за сенките и кармините, јас за руменилото да прашам колку го зеде? Офтопик: имајте милост за нас што немаме продавници на голден роуз во градчињата наши