Извини вака покасно што одговарам, едноделниот костим за капење е од Pull &Bear од новата колекција би требало да имаат останато а бралетот е од Stradivarius ама беше намален и на попуст и меѓу последните така да не знам дали има останато.
Два пара фармерки од истиот модел бидејќи стојат најубаво, фустанче, тефтер за патувања и за ставање слики од местата, крема и сапун за новата тетоважа од денес... прва и се надевам не и последна
Од Pull&Bear, редовна цена му е 600 ден и го гледав уште пред 3 месеци ама не ми се даваа за тефтерчиња и денес го начекав на попуст, 250 ден и одма го грабнав
Знам дека попуст има до Недела, а дали после тоа ќе има не знам. Иначе два беа на рафт, од кои едниот го купив, којзнае дали имаат уште, најубаво да проверите
Го сакам асос зашто знае да ми ги собере и последните 50 евра од новчаник П.с. Ни цели 50 евра не потрошив ама ај Spoiler
Продавницата на Бит Пазар пред Дм.Имаше акција 3 пара за 990 ама нема многу избор и земав едни само за 350 денари.