Искрено да. Секаде имаше барем 30-40 посто попуст. По ред ако идам, најголем попуст според мене имаш во Зара. Со тоа што имаше најмогу гужва можам да кажам дека и најголема разлика имаше во цена. На добар дел рамно 50, на дел 40 и 30. Кошулите сите оние небесно-плавките што се носат сеа беа од 10 евра до 25 најскапата. Панталони имаше многууу избор по 17 до 25 евра. Броеви имаше и помали и поголеми, јас носам L и си најдов доста работи. Само гужвата у Зара ме утепа. На каса чекав 20 минути. А работат турбо девојките. Ама сите срби од одмор се враќаа и ја имаа запоседнато зара Најслаб избор убедливо H&M. Партали на попуст. Имаа нова колекција многу убави работи ама за шорцеви 30 евра не им давам. Купачите не беа на попуст, лажат. Ја бев у јуни истите ги имаше, со исти цени, дури и ист распоред имаа. Катастрофа избор, демоде некои блузички, ташни 2-3 и тоа ептен грди, па ни евтини не беа. У Манго немаше чоек ја коа влегов, дали дека го имаат преместено на друга локација во Космос и не знаат каде е А имаше попуст, голем. Нешто на 50 а повеќето на -30. Капути имаше по 50 евра, и кожњаци за 100 евра. Страдивариус-Бершка-Пулендбеар стардат евтинија, ма да ја во Страдивариус се изнакупував панталоните по 10 евра и штиклите 12. Пулендбеар за машки имаше убави панталони по 10тина евра. Бершка партали за деца ама евтини барам. У Сефора имаше -40 посто, ама ненормална гужва, козметика не можам така да гледам, не знам зашто за облека ми сум полиберална а за козметика не, вајда дека сакам да си праам муабет со продавачките а не вака гз преку глава. Најразочарана бев само од Оишо, у јуни имаше не знаеш каков избор на купачи и аксесоари за плажа, сеа се тргнале (или им се продало не знам). На попуст имаше само еден рафт и тоа со глупости. друго се нормални цени а гужва мислиш беспари даваат. Научена сум од Шпанија дека знам кои им се реалните цени, не ми се даваат 25 евра за долен дел купачи искрено. Ако нешто испуштив слободно прашај Spoiler али за гужва немам видено поише срби на едно место, некултурни, безобразни и сите ама сите до еден со деца у количка и си се движат ноншалантно. Претеран хаос, во фуд корт чекавме 20 минути за да стане некој за да можеме да седнеме.
Фали Хипстер на деталниот одговор. Денес моите се таму, неделава и сестра ми, па да им порачам нештичко. Да знам каде да ги упатам. А за Србите, сигурно цел Халкидики е бил на шопинг, они така практикуваат, еден ден од одморот поминуваат во Космос.
се Српско,Македонско,Романско и руско беше денес во Солун се чекаше 20 мин за влез во Космос.Јас таква гужва во живот немам видено.
не сум дома ,сеуште сме на одмор .Ке сликам од дома.Инаку само Сфера и Хм бев. мм го фати нервоза и не беше расположен за повеќе туркање
Да се испоцитирам одново пошо глуперда. Сега ја видов фискалната, Џудо пишува. Од скоро се префрли на местото на Гетро и ја уште Гетро си го викам.
Дани ај кога ќе го пробаш четчето за лице на Ебелин да пишеш дали ти се свиѓа, дали си задоволна и да ме тагнеш ако може Го меркам некое време ама се двоумам, не знам дали да фрлам пари, ако искочи глупост некоја ќе се каам. Фала однапред.
Одма го пробав а пред да седнам да ти одговорам проверив и дали влакната се засушени. Делуваше добро, плус тоа кончето е практично за човек да си го закачи некаде и да се суши одма после употреба. Влакната се многу меки и пријатни, далеку попријатно од старата четка на ебелин, таа со пластичната рачка. Па тоа би била клучната разлика, старата ебелин четка со малку погруби влакна би била за малку погрубо четкање на кожата, оваа совршено одговара на мојата осетлива кожа. Се на се одличен впечаток. Не вадев шминка, само обично миење на лицето. Понатаму ќе пробам и со шминка па можам да ти прекажам.