Еве го мојот последен шопинг.... 1. Др. Хаушка течна пудра 02 2. Др. Хаушка минерална пудра во прав 3. Др. Хаушка кармин 03 4. Др. Хаушка молив за уста 05 5. Др. Хаушка молив за очи 2 во 1 (сиво со бело) 6. Др. Хаушка коректор 7. Др. Хаушка маскара за волумен За течната пудра веќе сигурно ептен сум зборувала ама останува за мене една од најдобрите. Пудрата во прав ја имам користено и порано и ми се допаѓа што дава свиленкаст мат изглед на кожата. Кармините на Др. Хаушка просто ги обожавам затоа што не сушат, имаат прекрасен сјај и мирисаат на билки како кремите нивни. Исто така и моливчињата за уста се убави и меки. Моливите за очи на Др. Хаушка се едни од најтрајните. веќе имав три дома, ама немав сива боја (иако овде изгледа црна) кога ќе се нанесе на окото е темно сива. Белото многу не го користам ама ете може и како подлога сенката повеќе да трае. Коректоров е феноменален се вљубив. Одлично покрива, може да кажам дека има голема покривност без да даде вештачки изглед. Маскарата дава толку многу волумен, да не ти се верува дека е органска!!! Преубава е и ги истакнува трепките. Пак добра бев што одбрав толку “малку“ производи, можев цел штанд да си го земам со мене
Баш на сите и на најновите , и јас се чудев На 50% 1839ден На етикетата стоеше 2000ден намален од 4000 ,но на крај на сметката 1839ден
Штикливе ми се љубов,едвај чекам да залади.Опинциве ќе се најдат убаво стојат на нога,преудобни и двата пара.
Драга за среќа течната пудра ја има во Мк може да ја најдеш во Зегин и Еурофарм а цената беше некаде околу 1200 или 1180 за течната пудра горе долу. Одлична е, имам цела статија напишано за неа кај мене на блог. Поздрав.