Arthurs со попустиве ме изместува. Купуваш два пара патики, размислуваш за следни. Србрениве на платформа, пред можеби недела дена, другиве вчера. Платформава ептен ќејф ми прави, воопшто не се осеќа дека е висока, комфорност ниво на ниските. Едвај чекам да увезат повеќе такви модели, многу убаво стојат на нога. Црниве класика, ама и рокерски.
На Гараж Сејлот никако да си најдам старки по мерка. Па отидов во Теранова да се утешам, зашто све е џабе.
Маичкиве се смешни 200 денари, а долги се до колкови. Барем мене ми се до таму. Во секој случај се со пристојна должина и не се широки како торби, ама не се ни тесни, златна средина. Имаше разно разни маички, претежно се движат од 99 за кроп топови до 300 денари за се' останато. Има избор, има редици, ама се исплати. Ти препорачувам да одиш во Терановава во Центар, таму некако секогаш повеќе избор ми има. Патем, фустанот е смешни 300 денари. Одете, сигурно нешто ќе си најдете, женски.
Од каде ако не е тајна? Одлично изгледаат од надвор. Тоа волната можеби топли периодов, ама сигурно се удобни.
Најверојатно мене ќе ми е одма до под газот, плус со штиклите 13ка.. (штркче сум јас) Ама ќе проверам