Шорцевите се намалени на 400 денари. Не сакав да ризикувам да чекам поголем попуст, зашто обично не наоѓам број. Имаше тегет, црни, јака корална црвена, баш убава боја, мислам дека видов некој пар бели, едни бледо сиви и маслинасти. Материјалот е тенок и пријатен, не е од оној синтетички какви што им се "широките" шарени долги панталони, туку е баш фин. Ако имам среќа да начекам на поголем попуст понатаму, обавезно и црвени ќе си земам.
Од Arthur's, Рамстор, на тоа тезгата од гараж сејлот. Иначе зимски се, кожа плус вуна одвнатре, не ги ни планирав за носење сега. Ама па, за две иљдарки, беше прилика што не се испушта. Фини попусти имаат и солиден избор на модели - проблем е само да си најдеш број.
Поклон ми се. (Мора да признаам) убаво е кога имаш подготвено парички и одеднаш некој ќе ти ги плати.