Ова беше љубов на први поглед - сериозно! А денес баш имам кажано дека патики веќе не купувам и ете. А боја некоја корал - абе ептен ми прават ќеиф
Не знам што од овде има во Мк, од Германија се. Да фиксатор е тоа на есенс, а тоа на катрис е прајмер.
Јас го имав. Не ми се допадна. Лицето го прави свиленкасто, но и видливо прашкесто. Не дај Боже да пробаш бејкинг да правиш со него. Никогаш нема да успееш целосно да го тргнеш вишокот со четката, а на сликите со блиц ќе бидеш со огромни бели траги. Ок е само ако го нанесуваш со голема четка за пудра во прав, во мала количина и со лесни да движења поминеш по лицето.
Мене камените пудри во боја ми изгледаат грдо на лице, многу ми изгледа правливо и натрупано, па сега прв пат земав да пробам транслуцентна. Се мислев дали да ја земам баш поради тој бел ефект на слики, ама и онака ќе ставам во мала количина, па ќе видиме како ќе се покаже
Маичката од LC Waikiki, преубава памучна, кежуал-199денари(последните две ги земав за мене и сестра ми од Рамстор Мол) . Чоколадите Банат - Стокомак 69денари(мислам дека таму се најмалку, на другите места се по 89денари) Чаевите од Билна - Камилица 41ден. а Шипка 42 ден.