@Elence93 @boo3 имаше 4 вида од спрејовиве, овој е за слаба коса со тенденција на опаѓање. Иако мојава е далеку од слаба ама почна да ми опаѓа во последно, има и за нормална. За виткана коса нема. Ќе го пробам деновиве и ќе ви кажам
Како си задоволна од течните кармини на есенс? И цена? Сакам да се подновам, али некако за ова време кармините на гр ми се пресуви па во потрага сум по некои други варијанти.
@christinnn Не се баш мат па според тоа и помалку агресивни се, така што не ја пресушуваат ни устата. Барем мене ми го немаат тој ефект како после користење на кармин на ГР кога устата ми е пресува и ми се перути. Многу се лесни и се баш секојдневни. Е сеа, смесата е густа и како да не е баш изедначена, ама мене не ми смета зошто со четкичката лесно се изедначува на самите усни. Иначе 175 МКД еден. Во Скопје веројатно и поефтини се. Единствено што не ми се допаѓа е што не се трајни, ама ептен ги сакам нијансиве па преминувам преку тоа Иначе ептен фино мирисаат.