Каде има поевтини маски? Има ли големини во зегин и скапа нека е само да му е точна на малово и знаеш ли дали може да ја носат повеке луге , пример јас и мм да делиме една пошто скоро никогаш не сме заедно искочени секогаш еден го чува малово.
Четкава за сенки е супер. Регенераторов од Dove го земав да видам дали периодов ми е таков што косава вториот ден ми спласнува или за жал, омилениот Гарниер од маслиново ќе морам да го откажувам...
Татко ми прашал во приватна аптека му рекле 120 денари, мислам дека се викаше Еурофарм аптеката. Можеш и телефонски да се јавиш, да не излегувате за џабе ако нема. Како си задоволна од маскиве?
Од Буњаковец, продавницата е од страната на Партизанска, има изложено на излог хулахопки секогаш. Нема различни бои, само црни се, 390 ден.
Претходно спомнав за тестерчето/копијата на Никс дека не е нешто нај, ама со малку лабело, речиси исто е ко оригиналниве... ок, може мааалку посуво, ама па овие секако се со крем финиш. Така да, ако начекате за мала цена овде копии, земајте слободно. Малце срам ми е за прслукот, ама мислам нема ни да го носам од што ми е убав, да не се изарчи. Прслукот е од Oysho, сјаевите веќе се гледа, новчаникот е од оние продавничкине за сувенири што ги има на секоја уличка. Го земав за мајка ми, ама не го сакаше. Белото е лабело, не butt plug, мат сјај од Аура бр. 625, фармерките се со нитни и долу ко обетки, троа бајкерски (локална продавница), џемперот за н'рдс, два броја поголем (Бершка)... немам одреден стил, земам што ми се свиѓа во моментот. Земав и една струкирана бундичка која конечно личи на нешто, а не Гога Секулич или за пред МТВ стајл, ама не знам како да ја сликам да се покаже убаво формата и без да блеска. Шареното е иначе фустанчево од Зара долу. Многу ми е такво модерно-готик, абе mah only and true luv. Spoiler: фустан
Од грчката Зара, ама би требало и овде да го има, ако не сега, за брзо. Фала, премногу му се радувам. Ќе едитирам сега горе кое од кај е, за секој случај.
Од таа од мед и млеко секогаш сум задоволна другава прв пат ја купувам, ќе ти кажам откако ќе ја пробам. Инаку редовно користам - мртво морее /dead Sea minerals маска, тие ми се многу темелни кога се работи за чистење на лицето. За промена ми требаше некоја ваква овошна, хранлива, да видам дали ќе ја потхрани кожава
Извини, каква кожа имаш? Јас освен една од авон од мртво море што ја користев порано друго ништо немам пробано од мртво море.
Кога би знаела точно да ти одговорам на прашањето, би била и сама пресреќна. Според мене си ја водам како нормална/комбинирана. Образите ми се нормални, Т-зоната често ми се мрси. Меѓутоа, челото ми е или скроз суво, или скроз мрсно, ништо помеѓу Морам да напоменам дека имам големи пори (се познаваат без разлика што и да нанесам), а и пеѓи цел тон. Немам типична мазна кожа. Од сите маски што сум ги користела, мртво море во комбинација со некоја пилинг крема најдобро ми го чисти и нормализира лицето, без да го исуши. Мислам дека оваа маска мед и млеко малку е потешка и ќе ми го замрси лицето, ама се надевам дека ќе го потхрани колку толку