Овие се тие маски што штитат од нз таму најситни честички, имаше пост, бла-бла и ја не го дочитав. Само знам дека тие од 900 не се тие "правите". Две недели рок имаат. Јас и претходно еден месец ја носам истава, и минатата зима, дури и влага кога има. Не осеќам мирис со оваа. Таа од 900 ја има татко ми, знам дека и шал ставал, зошто не штитела баш.
@Petra777 и @kristina.k кога купувате маски со филтер обавезно читајте ги ознаките, важно е да е FFP2, FFP3, N95 или N99. Сите овие штитат од PM 2.5 но едните се со помала пропустливост другите со поголема. Е сега некои делуваат и подолго време, некои пократко. Оваа скапава Vogmask од Зегин има спецификации N99 со 99% непропустливост, плус активен јаглен (што не е толку битен), и трае 80 до 240 часови активно носење (рачунам за два месеца), а и материјалов е незнам си каков (читај у превод- фенси ). Шал не носам, добро дихтува Овие што ги има по аптекиве се обично за пократка употреба, но далеку од тоа дека се полоши од скапава. И јас на сите им советувам да си купат поевтини но да пазат на ознаките за филтерот и да прават редовна замена.