Леле, каков шопинг удрив со даде денес! Бевме во Peecock си изнакупив триста глупости. Ама сето тоа ќе го носам Сандалчиња со мини отворче напред, чукнати шалвари, кошулка, обетки во вид на корнети сладолед. Плус козметика еден тон од Космо. Плата ли е што ли е!
Не сум била сеуште...може да ми кажеш колку ги купи работите????Ме интересира како се движат цените, слични се како Теранова или.....
Крем за самопотемнување.Замена додека дојде сонцето! А и сончоглед едно кило. НЕ си ја чуствувам устата од солено...
ново цветно фустанче, фармерки, маичка на риги и боксерки со крафчиња.. е си зедов плата од баба ми за оценките.. па да ја искористам максимално, до последен денар !
Така така. Не е прескапо, а има и парчиња за секојдневна употреба, што не чинат повеќе од 300 денари. Јас си купив шалвари за 1100, сандали за 600... Има и за 750, додуша прошетај, ок суми има, не е ништо солено.
Преубава маслинесто-кремава маичка на прерамки тесна уз тело напред кај градите има 3 копченца едно под друго и до нив целиот предел опколен со чипкани карнери во посветла боја.Мој стил, мој вкус, ја обожавам!