Ке одиш каде што ти пишува одговори доле, ке стиснеш на тоа, и после имаш ти пишува прикачи фајл, идеш на тоа и ставаш слика
Ги купив од Cosmo во City mall. Цената со попуст им е околу 640 ден, а попустот ќе трае до 14.01.2018 год. Двата производи се наменети за надворешна употреба и се 100% органски. Маслото од макадамија до сега го немам користено, но на кутијата пишува дека е за регенерирање и подмладување на осетлива и зрела кожа, го успорува процесот на стареење, може да се користи за нега на коса и.т.н. Маслото од арган го имам користено и сум презадоволна. Го користам навечер за лице (навечер подобро се регенерира кожата), го користам како балзам за усни, на благо навлажнета коса нанесувам од аргановото масло и го држам околу 3-4 часа и потоа ја мијам косата со шампон, понекогаш го нанесувам откако ќе ја измијам косата, но тогаш нанесувам само две до три капки од маслото. Може да се користи за отстранување на шминка, како третман за цврсти нокти, може да се користи за нега на тело, како средство за пост депилација и.т.н. На fb на страната на Institute Organica детално е објаснета примената на двете масла. На блогот на Biodevojka има совети за примената на маслава и има интересни маски за лице и коса кои се прават со помош на овие две масла. Нема да згрешиш доколку ги купиш, маслата можат да се купат и поединечно (така се поскапи). Јас ги купив купив заедно и беа завиткани во плава кутија, но ја извадив кутијата за да можам да ги сликам. Доколку те интересира уште нешто слободно пиши
Па штом имаш мрсна кожа ставај камена или пудра во прав над неа,па фиксатор. Така никаде нема да мрда и дожд да те заврне