Прајмерот нема никаква посебна улога,не ги пополнува порите,но го изедначува тенот . Јас имам нормална кожа со суви делови, па убаво ми го хидрира лицето и преку ден солидно ја поднесувам пудрата над него, со што не ми ги истакнува сувите делови и тоа ми значи многу. Го имам испробано и со Катрис Хд, таа нели е матирачка пудра и навистина кога го имам од претходно нанесено прајмерот лицето ми е помалку суво отколку кога ја носам само пудрата индивидулно. Мене ми се допаѓа затоа и по втор пат го купувам, а ова дуо транслуцентната пудра и прајмерот многу се исплати.
Од Космо го земав сетот, околу 220 ден. Има базен лак во боја и топ-безбоен лак. Уште не сум ги пробала, ќе ти пишам деновиве како се покажале