Здраво гледам дека имас порачувано од ZAFUL па би сакала да ми кажеш твое искуство, за колку време пристигна пратката. Фала ти
Морам... Не можеш овде некој месец да прескокнеш, цело време по кратки. Златна зима во Македонија да можеш и да одмориш ко човек од депилација.
Моето пазарење во Дм, Гтц - Лабелото морав одма да го отворам од љубопитност, мириса благо на ванила, не е прејако, а држи многу (путер крем е). Околу 145ден. Пинцетата е 109. Четката за лице е толку нежна и мека, а богата со влакна, да ти е жал да ја користиш. 239ден. Кремот за раце чини 85ден., преубаво мириса, одма се впива, не е мрсен, а многу ги негува рацете. Кремот за пети е супер, со убав мирис, лесно се размачкува и брзо се впива, не е мрсен, а е со уреа (претежно со уреа се тешки и мрсни кремови). Цена 85ден. Ги негува стапалата. Лореал крем за коса без измивање, околу 270ден., не ја мрси и лепи косата, ја прави средена, здрава, преубаво мириса и мене ми е супер замена кога сакам да ја одморам косата од силиконски капки. Цените вредат за квалитетот (освен лабелото кое може да се најде и поефтино некаде).