Јас цел живот мислев дека е сунѓерче и постојано ја одбегнував @Silver.E пофали ја четката и одма идам до ДМ Дали и предходно си го користела кремот за коса? Пред некое време го забележав и на прв поглед ми делуваше со убав состав но не го купив бидејќи имам 300 тракатаници за коса.
Млеко за тело Бекутан-Билна Аптека 164денари Крема за раце и нокти Асо-Билна Аптека 67денари Спреј за лице и фиксатор Балеа-Дм дрогерија 119денари (попуст) Килоти-Сара фешн 69денари(попуст) И храна-стапчиња за кучиња од ДМ 74денари (за бездомни другарчиња , не ги сликав зошто ги отворив веќе и дадов 3) .
@ванилала За мене четката е убава, многу е нежна, имаш и друг вид на четка што е малку погруба (таа сепак си е мека, ама не вака нежна). Ако немам време за пилинг и слично, а сакам да го светнам лицево, мене ми помага. @sorbet Јас знаев дека е четка, ги гледав на интернет претходно, ама се чудев зошто таму е сунгерче. А, тоа, многу се густи и меки влакната и делуваат така. Мене ми е убава, само дали тебе ќе ти се допадне, не знам Имам исто и од гумените сунгерчиња, јас ги фалев, а и многу членки овде ги фалеа, ама со тек на време и не бев баш задоволна (како да не ми даваа некој посебен ефект). Балсамот за коса мене ми е преубав, не ми ја мрси косата, и дава сјај, цврстина, веднаш ја прави како регенерирана и здрава, убаво мириса, лесно се нанесува и распоредува на косата, има во себе неколку видови масла и е во поквалитетните балсами за коса кои сум ги имала. И трае долго, па затоа и вреди за парите. Имам ставано и на веќе исушена коса и убаво изгледа (не ја мрси). Но, каков ефект ќе има кај тебе, не знам, сепак секоја коса е различна, па не сакам да те убедувам или разубедувам.