Преубави се патиките, со здравје да си ги носиш? Од каде се? Месец дена барам асални патики и никако да најдам..
Од една продавница во ГТЦ, не сум сигурна како се вика ама во пролазот кај новото ЕВН, накај Ирскиот. Или полесно од кај ирскиот кога ќе влезеш во ГТЦ, одма на ќош од десна страна. 2990 се и многу убаво стојат на нога. Јас не носам патики ама овие ми останаа во мисли и џабе шетав после нив.
Во Зегин 580 денари мајка ми ми ги купила, во други аптеки и по 600 денари се. Ги зедов бидејќи косата многу ми опаѓаше, а и слаби нокти имам, ми се лупат. Ова ми е трето или четврто шишенце, купив и Алпецин и искрено почнувам да мислам дека џабе ги користам, што знам, можеби ќе имаше ист ефект и со некои поевтини витамини, но се запна мајка ми да не ги прекинувам, демек од еднаш- два пати користење не бива ништо. Почнуваат да растат нови влакна, но пак си паѓа по малку, а и тенко влакно имам. Братучеда ми не беше задоволна, не знам колку време ги користела, но кај секого е различно, пробај.
@sofija014 и ја ќе пишев дека не се ништо посебно. Многу подобри и со појака концентрација на истите состојки се капсулите Фитовал.