Ова ми е второ пакување од серумот. Го користам во потоплиот период кога лачењето на себумот е поизразено на т-зоната и само на тој дел го нанесувам. Задоволна сум од ефектот со оглед на фактот што кремот за лице не ми е доволен. Цената е околу 250 ден.
Јас како џокер во покер, ама за истото прашував пред извесно време. Пробај неколку дена само со серум, ако осетиш дека кожата ти затега значи има потреба и од крема. Јас на пример во лето користам само серум.
Моливчето е бр. 230, а за мат кармините од Ингрид првиот впечаток ми е добар. Од слични што имам користено можам да ги споредам со тие на Голден Роуз и во трајност и во квалитет, само што овие се двојно поефтини.