Може ли еден предлог. За да нема постови со прашања: од каде и колку? под секоја слика да има од каде е купено и колку пари и така сите ќе бидат информирани. Може ли?
Дали тоа од Колор Тренд е лабело од тие со различни вкусови? Како си задоволна? Пред некоја година имав исто со вкус, преубаво мирисаше, но беша преблаго кога ќе го нанесев на уста.
Чантата е од Чаршија, во редот ташнари, 400 денари Туниката од редот кај Битпазар дуќанчињата од лева страна за облека/чевли, 500 денари
Би ти препорачала да ѕирнеш во еликсир во веро џамбо и во еликсирот спроти УЈП, таму има нешто од нешто. Во гтц и во верото во тафталиџе немаше баш некој избор, по некоја единечна сенка, лакчиња и неколку сјаеви само.
Кремата на нивеа за што е поточно? Фала (Одамна сакам некоја ваква крема да купам али незнам кои се што се)
@orevka дневна крема е за масна кожа. Мислам дека содржи и силикони ама јас со години ја користам оти единствена е што фино ми легнува на лице, а имам многу експериментирано со креми. Ја користам после секое миење на утро и на вечер пред спиење. После вадење шминка, како подлога за шминка исто. Имам масна т-зона, а на периоди целосно масно лице. Многу е нежна на допир и малку се нанесува оти фино размачкува. Во Зегин е 260 барем толку беше кога последен пат ја земав од таму, ама мене ми е далеку па во аптеките што ми се блиску е поскапа.