Градникот е прекрасен. Задоволна ли си вака од квалитетот ? Би те замолила да ми пуштиш линк од каде го зема.
Да, овие се од онлајн продавницата на Артурс зашто златните и сребрените веќе ги немаат во дуќаните. Плитките се 2000, длабокиве 2240ден
Ја имаш користено кремата за лице или прв пат ја купуваш? Ако е имаш те молам пиши како си задоволна. Ми треба нова крема за лице, се мислам помеѓу оваа колекцијата или колекцијата на Алверде со дива роза.
Кремата ја користам веќе пола година и секој обид да ја сменам се покажува како неуспешен. Ретко кога сум била толку задоволна од некој производ. Дава неверојатна хидратација, многу повеќе од кремите на алверде. Може на почеток ќе ти треба малку време за да се навикнеш на дозирањето, потребна е многу мала количина за цело лице. Всушност зависи и од сезоната, зимно време користам многу поголема количина, додека летно време е потребно многу мала за хидратација. И треба неполна минута за да се впие а после тоа лицето е целосно хидрирано без суви делови. Најважно од се, ми го реши проблемот со поткожните кои ми излегуваа во пределот на вилицата и бев убедена дека е од стрес или хормонски, но кога ја користам кремава лицето е целосно под контрола. Има периоди кога мислам дека едноставно само од себе се вратило во нормала и менувам крема (најчесто кога ќе ја потрошам) и додека да купам нова користам нешто што имам дома, на балеа или алверде. Во рок од неколку дена поткожните повторно се појавуваат и лицето ми се масти повеќе од вообичаено. Кремава и тоа успеа да го доведе под контрола, дури и да сум цел ден надвор не се враќам дома со масна кожа посебно во т-зоната. Потребно е да ја користиш извесен период за да има резултати, ама после нема да сакаш да ја смениш. Само внимавај во случај ако имаш масна кожа не знам како би се покажала, јас имам сува а проблем имам само со т-зоната. Звучам како реклама, ама стварно не ми се случило толку да ми одговара одреден производ. Ги заразив и сите околу мене со кремава, сите имаат позитивно искуство. Од кремава има и со Q10 верзија која е поскапа, ама е исто добра, дури и подобар впечаток ми остави во однос на негата на лицето, некако го затегннува. Претходно ја користев кремата на алверде и за неа не можам да кажам нешто лошо, ама хидратацијата која ја дава вторава крема е неспоредлива. Цената и е околу 600 ден. Се надевам дека помогнав
Дали се удобни и меки влечките? Сакам да си купам ама се плашам дека ќе се распаднат по 5 носења затоа што ѓонот изгледа како да е пластика а не гума...
Каснам со одговор. Памучен материјал во пределот кај градите има и ластик, чипката е мека. Една величина е така да кога се закопчува имаш 3 опции дали послабо или поцврсто. Многу ми се допаѓа и брзо ми стаса еден месец, ќе си порачам и бело. Не мириса на кинеско. Јас кога го нарачав немаше шипинг ама сега има и не е нешто голем. Линк во спојлер Spoiler: Градник https://www.aliexpress.com/item/Flo...32803104406.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.w1OKG6
Извини вака малце ќе те нападнам со прашања ама долго време сакам да го купам шампонов и не знам од каде.. Од каде го купи, која цена шампонот и другите работи?
Ти благодарам многу на одговорот. Истиот проблем го имам со поткожните, најмногу ги имам околу устата и под брадата и баш размислував да проверувам уште еднаш хормони. Претпоставувам само во аптеки ја има?