Од Лидл ги зедов овие . 11 парчиња 2,2 евра. Ама.. разликата меѓу нашиве и овие е огромна навистина. Цела недела ми мирисаат алиштата од нив. Плус и стварно подобро перат на вриење. Инаку , у Кутлето се 19 ден парче. Чинам "кај тебе" го има овој маркет
Претпоставувам спрејче е тоа најлево. Дали убаво мириса? Од Скопјево го зема? Со здравје да се мачкаш
600 denari Деле те зезнале я истата я земав за 350 ,се извинувам за буквите но немам македонска тастатура на телефон.
Да, тоалетна водичка е. Мене стварно преубаво ми мириса, една другарка го носеше летото и ја малтеретирав со душкање и комплименти, сега го дочекав и јас. И трајно е, јас сабајле ставив и сеуште ми се осеќа во косата, само на понежен начин, не да шеташ облак парфем околу тебе. Не го земав во Скопје, ама го има 100%, 600 денари ќе да е максимум, за 100мл. И тенк ју вери мач.
Сериозно? Секогаш ова ми се случува И мене ко за шутка ми беше скапа, ама многу ми беше убава.Тоа е. А ти од каде ја зема?
Па они не работат по ценовник туку по тоа како ќе им се видиш во моментот. А па сабајле ако им отидеш за сефте ако сакаат да ти продадат и на 200 мислам дека се во можност да спуштат само да купиш. Плус може двајца различни да ти дадат по различни цени. Нема правила. Сепак, убаво е кошулчето со здравје да си го користиш. Убави работи имаше значи? Не сум била добри 3-4 години, може треба да прошетам