За жал од ДМ. На акција е во моментов (209 денари), па го земав да се најде. Ги има и во Веро (околу 250 денари се), а мислам дека во Битола имате Веро.
За жал да, alcohol denat на трета позиција. Јас имам нормална накај комбинирана, чувствителна кожа но не ми ја иритира воопшто. До сега два пати ставив само, и првите впечатоци се добри. Намалена е во ДМ и морав да ја пробам. До сега користев од Алверде, но тие ми се тешки за топло време па морав да најдам замена. Едит: И со очите ми е се во ред, ставив под очи и на капаците и немав никаква несакана реакција.
Истиот го имам, кремот ми е така-така, ама гелот, млекото и тоникот од истата колекција се врв. Имав акни околу устата и на почетокот од вратот и се ми исчисти. Само препорака, доколку на некоја од вас им треба нешто од овие производи.