Искрено очекував да се цени до небо ама не, напротив прифатливи. До кај 2000 беа сите, а имаше и попуст на тие од лани. За квалитет не ги имам пробано досега ама слушнав убај мислења па ќе видиме како ќе издржи на море.
Долната облека им е ок па и јас мислев да купам костим за капење од кај нив. Ќе може само да ми кажеш дали имаат двојна постава и се "дебели"? Сакам некои кои побрзо се сушат а никако да најдам такви.
Со постава се долните ама не мн дебела, имаше и такви со подебела. А горното е со корпи, тие ко триаголник не ми стојат убо јас мала сум горе, а реално побрзо се сушат. Пред некоја година зедов од Сара фешн без постава беа, ама обеле одма и не сакав од таму.
Од прилика со која величина на градник би го споредила? Би одговарал и на мали и големи гради? Според формава мислам дека повеќе величини би можеле да го носат, или се лажам?