Ти реков јас дека е многу пријатно за носење. Во Џамбо има или не проверуваше таму? Да не одам за џабе.
Не сум била до таму да проверам, ова така случајно го видов на пазарче и морав да го земам. Цело лето ќе носам вакви.
Дека имам поголеми гради и земам градници со јаки корпи за да градите не ми паѓаат ко на некоја баба , ќе можеш да ми кажеш дали градников би ми ги држел цврсто?
И јас цело лето носам вакви, прилично сум сигурна дека нема да престанам да ги носам. И за по дома, ама и за навечер за шетање се одлични (комбинација со тренерки, некое широко фустанче).
Јас сум Д корпа, а во ПМС ми треба уште едно бројче поголемо од тоа. Внимавај само точниот број да го земеш, и подобро ориентирај се по обемот, и така нели нема дефинирани корпи, а е битно да е точно во обем за да ти држи цврсто. Секако не како градник со корпи и жици, но е доволно цврсто. Јас не би го носела за трчање пример, ама за секој ден, или како што вика @Rebecca_R со нешто широчко, е одлично.
Во ваикики има и броеви, 38-40-42, така мислам дека беа, па можеш и таму да пробаш. Поскапи се во ваикики, 400-500 денари, ама можеш да пробаш да знаеш кој број да бараш на пазарче. Јас сум многу помала корпа, така да мене ми е таман и за трчање, ама сепак имам други за трчање (поинаку се поставени прерамките за поддршка на грбот, а и покрут е материјалот.
@Rebecca_R имам купено од џамбо такво прслуче уште поодамна, ама квалитет=0 Брзо се рашири ластикот во делот под градите
Тргнав по квасец,кори и комплетче за супа,се вратив со маичкиве и без комплетот,ништо од супата за утре
Баш чудно, и јас имам, имам две црни од лани и ги носам цела година, еве уште се супер. Ама нема баш ластика, туку самиот материјал е поцврст во тој дел.