Излегов по леб , а си купив маичка - рамбовка ама долга до под газ и панталони широки слични како шалвари
Бели панталони, до колена, рамбовка, маичка обична со мики маус , болеро памучно со кратки ракави, бело, балетанки за 200 денари дури, прескапи , ама баш симпатични, кафеави со кремасто , шарени така некако . кикiња за коса( немам веќе кај да ги ставам, премногу ги имам , како дете мало сум) и чадорче, кое се скрши после првото отварање
Како сум зачекала денес рамбовки, обични, еднобојни, само со некоја мала тату апликација на грбот меѓу прерамките, прекрасни се, си купив три, бела, тиркизна и црвена. По 100 денари една. Памучни. И уште ќе си купам, во сите можни бои. И си купив бел каиш, со плејбој зајаче на токчето. И ампули со Б витамини.
Оф Лилитке, во Прилеп, ама ќе ти кажам нешто. Барај продавничка, мора да има во Скопје, оти имам видено во БТ, во Велес имало, со наши памучни производи, македонски, гаќи, маици и слично, мислам дека во Виница ги произведуваат, на етикетава нема ништо. Сигурно има и таму. Ептен се лесни дека памучни, имав зимово од ист материјал ролче, се изнаносив. Сигурна сум дека во Ск има таква продавница. Инаку имаше црвени, лилави, тиркизни, сини небесни, бели, црни, кремасти. НЕ знам што да ти кажам поинаку, ама сигурна сум дека мора да има таму
Ееее добро,па и јас си купив такви од винка,од тц бисер,само што кај нас се 110 денари!Супер е и цената и квалитетот,само што изборот на бои ми е мал,некако се бледникави,сакам по јарки боички.
На зелено пазарче сабајле видов рамбовки, боичките циклама, јако зелено, ептен јако тиркизно - ТОП! 2 за 250 ден. па каде го има тоа дами? А квалитетот не беше лош, памук и малку ликра, убави беа, ко за едно лето. Па за тие пари, таман си е. Видов и во Теранова, ама сум рекла еднаш, ќе си кажам и пак - тие алишта мене ми се ко без душа! Немаат боја, се' е бежово и пастелно, како испрани во машина 10 пати и обесени за продажба!
Е да Лилит, се малку побледички, тиркизното и црвеното се добри, лилавите се малку бледи, и сините. АМа па за 100 денари, што да биде. А во пазарот, имаше едни, од Шутка ги набавувала жената, така барем ми рече, по 250 денари беа ликрени, а и навистина јас лани си купив од Шутка една, зелена, уште си ја има бојата, а перена е да не претерам, едно 500 пати Ефтинки се барем, можеш сто да купиш
бела памучна кошулак (не класична туку ептен ми е шизичка, широка со врвка некоја долу) и марама ептен џиџана и шарена, 3 алки и бордо лак за нокти