Има намаление, џемперите се движат од 500 денари до 1500-2000 тие подебелите што се. Али секако се наоѓаат убави џемпери и до 1000ка. Овој конкретно е 500 ден.
Golden Rose Dream Lips no. 503. 80 денари. Треба да е некоја потемна нјуд нијанса, да ја потенцира само бојата на устата. Лакот е од линијата Холографик бр. 1, 190 денари. Вреди за секој денар. Претходниот ми беше бр. 6 и цела година го изнаносев, ми одговараше со се'. И многу траен е.