Во сите ги има ама не знам колку остануваат нема многу броеви. Има и на пониска штикла ама не бев воодушевена од тие модели. Најубаво да си погледнеш, мислам дека тој кај Рамстор, карши тутунска е најопремен.
Јас мислев да одам до Капитол, не сум била до сега во тој , а некако по слики ми делуваше како да има највеке роба ама далеку ми е па да не одам за џабе
Никогаш не сум била во оној накај Мида, мислам дека тој би требало да е најопремен ама ептен ми е далеку. Која била да ни направи споредба со центарскиве супер ќе биде
Еве јас да ви кажам. Сум била неколку пати во тој што е кај Мида, сега скоро не, освен ако не е нешто сменето. Има доста избор на обувки во тој Мега Фешн, има и на гардероба, ама мислам дека во тој има најмногу обувки.