@WildMk @CameliaMiller јас си нарачав сега од Feydom тиркизна гарнитура за во мојата соба.Земете си и вие.Нема да зажалиме мислам.Башка исплатлив е попустот. *он-топик Стара љубов го обожавам.
Со здравје да си ја користиш Сите тиркизна.. јас тапа сум кога одбирам мебел.. се' низ дома ни е на беж и на кафеаво... i'm boring as hell п.с. ја зедовме таа што ја постирав.. Да видиме колку ќе 'издржи' сега.
Јас бев запната по црно или сиво.Ама ме премисли продавачката.Ама кога ќе сфатам баш ќе ми разбие тиркизот.Ги гледав и тие окер-жутите варијатни ама не ми се сфиѓа воопшто.Не сум по таквите тонови јас.Повеќе сум за нешто класично.Со здравје да си ја користите.
Убава е. Од кој салон? Многу салони ја нудат бојава, јас периодов разгледувам на велико Изгледа тоа е трендот, така да големи се шансите да се најде и модел и боја по вкус.
Natuzzi.Имаат во Центар салон.Карши НЛБ на улица Свети Кирил и Методиј имаат и на уште едно место не знам кај. http://www.natuzzi.com/ И они имаат попуст, бомбона им се намештаите