Според допирот 3 од 5 се многу меки а 2 не. Според боите портокалва, розе, и таа крем бела боја меки се, а пак лила, и зелено баш се тврди :\.Препорака моја ако купуваш прашај да отвориш да ги видиш бидејќи имаше доста сетови со разни форми па така шансите се 50-50.Јас овие ги избрав затоа што крем белото и поркоткалавото ми личеше на реал техникс.
Да не имаш информации дека новата година побрзо ќе дојде или нешто слично Таква желба ми пројави за новогодишна и божиќна атмосфера што вчера ги побарав елката и лампионите да видам дали се ок и размислував каде ќе стои оваа година, а и дека треба чорапи за подароци да купам и каде ќе ги закачам, пошто јбг немам камин он топик Си купив труднички хеланки и темна боја фармерки од Пре мама во ГТЦ, слика можеби подоцна ќе ставам ама дека се обични не ми се сликаат
Ќути ќути Тука во Германија само новогодишни работи се изложени..оди па не купи од џамбо ме фати шопинг треската, ама тука ме дотепа Ако спомнам дома колку пари сум фрлила на вакви глупости, ќе ме претепаат Чорапи нови купив, нешто слично на камин имам, па ќе ги обесам околу.. сега измислувам што друго да направам Лед дедомразовци набавив, 33 метри сијалички купив, од Алиекспрес ќе ми стигнат може 10 пратки... И така.. да не продолжам да пишувам, да не помислите дека сум луда А да.. и чорапи за на нозе од 8 евра купив вчера, што никогаш не ми се случило..јас не давам пари за такви глупости.. плус тоа мислев ги земав тие без цена ама....кога видоа тукашниве за малку ќе ме избркаа
@marama дека пиша си задоволна од Себамед. Трите производи се на акција во Космо и сетот чини 930 денари. Спакувани се во бело кесенце. Во ГТЦ имаше уште еден сет. Рокот им е добар
Тие црните за на нозе сакам да и ги дадам на другарка ми.. ама првично за мене се купени, па ќе видиме Тие сивите ми се си порачав таква постелнина, а најдов и ќебенце вчера ама не го купив ама во понеделник нема кај да бега За апартманите допрва ќе мислам кога ќе се приберам во МК Не знам што е со модава..оваа зима се на сиво гледам.. и со ѕвездички..ама па ми одговара