сликав нешо шо не ме мрзеше..А најчесто ме мрзи така да.. ова за да ги пофалам производите дека се добри.
Biana чизмички од Тротер во т.ц. Беверли, 3000 денари. Неописливо удобни се, иако чизми со дебел ѓон, сепак лесни. Пре-претопли и верувам дека издржливи на дожд и снег, со дупли ѓон. Башка, "плишани", мај фејворид кајнд.
Презадоволна сум! Ако сакаш јаки, груби пилинзи е баш идеален за тебе. Јас обожавам такви највеќе ради поткожни влакна на нозете и поради сува кожа А мирисот е толку убав да ти иде да го пробаш Моментално органик шоп имаат попуст во новото Космо Лиса во лисиче. Околу 250 ден.е пилингов мислам.
Од Космо Лиса Центар. Со кремата Клиник се добиваат сите останати производи подарок. И со течниот кармин Аура се добива бронзерот како подарок.