@koritsaki Пудрата во прав е ужасна за слики со блиц. Да знаеш навечер за излегување никако. Јас така се зезнав и цело лице ми беше со бели флеки на сликите.... Новите им се многу подобри.
Леле од каде е Вандербилтот? Ме врати 200 години назад. Парфемот на моето детство, на мајка ми. Ме потсетува на студ во декември, мирис на кармин (старите диор, ако се сеќава некој како мирисаа), помешан со мастика орбит, слааааба нишка на цигара штотуку изгасната и парфемов или тендер појзн диор. Се распричав, ама емотивно ме допре. Плииз кажи ми од каде го купи?
@Lilit каков опис Мене ме потсеќа на убава мајка,лепршава коса,кармин од Рубин Кармин,на Зана со Додирни ми колена.... Извини што се смешав,на грчки фри- шоп мислам го има, @LejlaD сеуште го користи ако не се лажам
Ееее и тие кармини од Рубин кармин, и тие убаво мирисаа, мислам инвајт се викаа, и на тие многу се сеќавам, како во носот да ми се овие мириси. Се сеќавам, како да не се сеќавам. Мајка ми како ме држи во раце, блиску до неа, дури со фацичето во косата нејзина и шубарата ме допира по лицето, ѕиркам наоколу, стуткана во едно шалче што го викавме загубенко, неколку пати го губев, татко ми го бараше по улици. Леле каков коктел емоции, не знаете. Да се тука моиве сега би ги изгушкала како мало дете. Фала ви, ќе го побарам, да ја изненадам.
И јас бев заљубена у парфемов, барав, барав и на сите му го зборев тоа. И го добив на подарок од другар, купен е во Америка.
Да ти кажам чизмиве ги приметив, ги купив и одма излегов, а имаше повеќе избор на повисоки чизми до и над колена, ги земав од продавничето што се наоѓа спроти Црвен крст