Шаловиве по 100 ден во Мега Фешн, истиве вакви дебели, големи шалови се мноогу поскапи на други места
Здраво , ги купив и нив заедно со четката од Бугарија од локална парфимерија , многу се нежни и ми кажаа дека се со природно влакно . Цената е 3 лева . Незнам во МК дали ги има некаде можеби низ парфимерии , а за бројче 3D-102
Ќе бидеш задоволна, не знам дали имаш користено од овој кармин и други, овој и тој екстра ластинг не ги сушат усните.
Само што ги купив сите обие работи па да видиме дали ќе има ефект, а иначе незнаев каде да ја прикачам сликава дали во темата за коса или во што последно сум купила
Имам, посветла нијанса од овој земено, стварно се ептен убави и трајни, плус на попуст сега дека се цената им е екстра.
Колку беа капките од коприва? Дали може да се нанесуваат директно на коса и дали имаат ефект против опаѓање?
Јас ги земав 135ден. А дали се нанесуваат дирекно на косата искрено незнам ставив 15мл. во шампонот. Па ќе видиме дали ќе има ефект од денес почнав да го користам. Ја измив косата и можам само да заприметам дека има повеќе сјај.