Мене ми е супер. Имам густа, долга, сува коса и ја прави баш мека, сјајна и убаво мириса. Јас ја користам и истата маска од кокос и ептен ми се погодени.
Одличен е. Еве, веќе неколку месеци го користам и пак ќе си го купам. Директно со него, влажнам лице со вода едно три-четири пати и ставам од него. Буквално ја топи шминката. Многу е практичен и економичен. Ако ставаш туш, т.е повеќе црнила околу очи може ќе треба отпосле минимално да поминеш околу очи со некое средство за отстранување шминка, ама и само со маскара/сенка го имам тестирано, вади буквално сè. Многу е нежен, не иритира, не воспалува. Јас после него, дури сè уште ми е мокра кожата се мијам со стандардниот сапун/гел за секојдневна намена што ми е.
@kala21, за чистачов за лице, т.е отстранувач на шминка од Балеа. Некоја си цена од 119, или 129 ден. беше.
Вие Авонки, може да ми кажете дали е некоја од Охрид,сака да правам порачки, ама не познавам никој тука. Ако некоја е тука, нека ме контактира преку лп.
Да, да... ко балсам за миење му доаѓа, многу е практично. Посебно коа си преморен да вадиш шминка со тупфери, и на пр. директива со ова под туш на подотворени пори. Ај, да не сум многу офф...